Ziadin sela

Биографија

Зиадин Села е претседател на Алијансата за Албанците. За пратеник во Собранието на Република Северна Македонија е избран во декември 2016 година, функција што ја извршуваше во 2011-2013 година, пред да биде избран за градоначалник на Струга (2013-2016).

Во Собранието на Северна Македонија, покрај другите надлежности како пратеник, Зиадин Села е член на Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за односи меѓу заедниците и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Роден на 1 ноември 1972 година во Ливади, Струга, Зиадин Села дипломирал доктор по медицина на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тирана и специјализира интерна медицина на Медицинскиот факултет на Државниот универзитет во Скопје. Пред активното вклучување во политиката, Зиадин Села извршуваше различни функции во македонскиот здравствен систем, особено како директор на Државниот санитарен инспекторат и како лекар во Градската болница во Струга и во Ургентниот центар.

Зиадин Села е оженет и татко на две деца. Зборува албански, македонски, англиски и италијански јазик.

Контакт:

Skip to content