Информации од јавен карактер

Барање

Барање за слободен пристап до информации од јавeн карактер

Барање за слободен пристап до информации од јавeн карактер до политичка партија може да поднесе секое домашно или странско физичко или правно лице, и тоа за информациите кои се однесуваат на приходите и расходите на партијата.  Пристапот до информацијата може да се побара писмено или усно.

За поднесување на барање по писмен пат потребно е да се пополни Барање за пристап до информации од јавен карактер во утврден образец.

Писменото барање може да се поднесе по пошта, да се достави во архивата на Алијанса за Албанците или да се достави електронски по е-пошта: (Службено лице за посредување со информации од јавен карактер: Бујар Бајрами; E-mail: b.bajrami@aleanca.eu)

Најдоцна во рок од 20 дена политичката партија треба да достави одговор до барателот по поднесеното барање за слободен пристап до информации.

Барателот има право на жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во рок од 15 дена од денот на приемот на одговорот на барање, односно 15 дена од истекот на рокот за одговор на барањето. 

 

Образец за барање за слободен пристап до информации од јавен карактер (.pdf)

Образец за барање за слободен пристап до информации од јавен карактер(.doc)

Службени лице:

Бујар Бајрами
tel: 070 829 560
e-mail: b.bajrami@aleanca.eu

 

Skip to content